Германија сомничи 14 руски државјани за финансирање тероризам

Во рамките на истрагата против 14 државјани на Русија, кои се сомничат за финансирање тероризам, беа извршени претреси, но немаше приведувања, изјави портпаролот на полицијата на Туринген.

„Станува збор за 14 осомничени. Против нив се води истрага, беа извршени претреси. Нема приведени“, изјави претставник на полицијата, пренесува „Взгљад“.

Според информациите на агенцијата DPA, германските полициски органи сомничат 13 државјани на Русија од чеченска националност (10 мажи и три жени) за финансирање тероризам.

Агенцијата тврди дека тие се наоѓале во Германија како баратели на азил. Исто така претходно беше соопштено дека се води истрага против 28-годишен државјанин на Русија од чеченска националност кој се сомничи за учество во редовите на „Исламската држава“.

Претходно полицијата соопшти за антитерористичка операција која се води во Германија во пет сојузни држави. Претреси се извршени во 12 станови и еден студентски дом, изјави за агенцијата DPA портпаролот на полицијата на Туринген. ВО специјалната операција учествуваат специјални полициски единици, како и експерти за експлозиви и кучиња.

Таблоидот БИЛД повикувајќи се на органите за спроведување на законот соопшти за терористичка закана.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња