Експерт за американскиот разурнувач во Црното море:Тоа е голема провокација

Влегувањето во Црно море на американскиот разурнувач „Карни“ (Carney) опремен со систем за ПРО „Ејгис“ (Aegis) беше коментирано од политикологот и професор на Воената академија Сергеј Судаков.

Политикологот и професор на Воената академија Сергеј Судаков во интервју за радио-станицата „Ѕвезда“ го коментираше влегувањето во Црното море на американскиот разурнувач „Карни“, кој е вооружен со систем за ПРО „Ејгис“.

„Тоа е голема провокација на Северноатлантската алијанса, а од друга страна реално обид за воена практика, да се види дали во постојните услови земјите-членки на НАТО можат да го прошират военото присуство во даден регион. И ние гледаме дека се одвива потполна не само информативна, туку и потполна хибридна војна. Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО во Црното море е составен дел од систематската хибридна војна со големи размери“, изјави Судаков.   

Американскиот разурнувач „Карни“, кој е постојано стациониран во базата Рота во Шпанија како дел од Шестата флота, денеска влезе во Црното море, наводно заради редовно патролирање.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека земјите-членки на НАТО ќе го разгледаат зголемувањето на своето воено присуство во Црното море. На состанокот во Брисел, закажан за 26 и 27 октомври, Канада, Германија, САД и Велика Британија прецизно ќе ги дефинираат плановите за распоредување повеќенаменски баталјони во Полска и балтичките земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња