Руски амбасадор изненаден од учеството на ЦИА и ФБИ во кампањата во САД

Амбасадорот со посебни овластувања на МНР Русија, поранешен прв човек на Централната изборна комисија на Русија Владимир Чуров изјави во интервју за РИА „Новости“ дека е зачуден од активното учество во предизборната кампања во САД на структури како што се ЦИА и ФБИ.

„Mалку ме зачудува активното учество во кампањата на такви специфични институции како ЦИА и ФБИ“, изјави амбасадорот Чуров, пренесува РИА „Новости“.

„Кога тие зборуваат дека некој однадвор може да се вмеша во пребројувањето на гласовите или да го промени, на пример, бројот на избирачите на гласачките места, тогаш тоа е веројатно од недоволно искуство, сепак се надевам дека со организацијата на изборите се занимаваат не ЦИА или ФБИ, туку други органи, а тие немаат искуство, затоа и даваат такви изјави“, истакна Чуров.

Тој исто така изјави дека таквите изјави можат да бидат камуфлажа за желбата да се скријат од своите сопствени набљудувачи и невладините организации таквите „според меѓународни стандарди задолжително отворени податоци како што се бројот на избирачите, како што се резултатите од пребројувањето на гласовите, како што е бројот на избирачи кои гласале предвремено“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња