Пушков му одговори на Порошенко за „алтернативите“ на „Минск 2“

Сенаторот Алексеј Пушков ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко за две радикални алтернативи на „Минската спогодба“.

Сенаторот Алексеј Пушков ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко за две радикални алтернативи на „Минската спогодба“.

„Порошенко наведе две алтернативи на „Минската спогодба“ – воено решение и напад на Русија. Всушност двете алтернативи се лажни: тие не постојат“, напиша рускиот пратеник на својот профил на „Твитер“.

Претходно шефот на украинската држава изјави дека оние кои се залагаат за укинување на „Минск 2“ треба да понудат алтернатива.

„Постојат две алтернативи: воено решение на конфликтот и напад на Русија“, нагласи тој. Порошенко ги повика сите оние кои се залагаат за укинување на спогодбата „да ја преземат врз себе одговорноста за жртвите“, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња