На последната средба на Обама и неговите советници за национална безбедност се разгледувало прашањето дали треба да ѝ се испорачува на сириската опозиција, поддржувана од ЦИА, ново оружје. Сепак работата не напредувала – планот не бил ниту отфрлен, ниту одобрен, истакнува изданието.
Таквата неопределеност сведочи за „растечката скепса во администрацијата“ по повод тајната програма на ИЦА, во рамките на која САД „тренираа и вооружија илјадници сириски бунтовници во последните три години“, се вели во статијата.
За нејзина реализација се залагаат шефот на ЦИА Џон Бренан и министерот за одбрана на САД Ештон Картер. Меѓутоа некои политичари кои претходно беа „пламени приврзаници“ на програмата, на пример, шефот на Стејт департментот Џон Кери, сега се однесуваат спрема неа со скептицизам. Кери се плаши дека испораката на ново оружје може да се заврши со тоа што бунтовниците можат да убијат некого од руските војници, што ќе доведе до конфронтација со Москва, истакнува „Вашингтон Прес“.
Програмата беше „клучната алка во стратегијата на САД“, насочена кон соборување на сирискиот претседател Башар Асад. Сепак, според мислењето на американските политичари, сега дури и нејзината проширена верзија тешко дека ќе може да ги доведе САД до посакуваната цел поради вмешувањето на Русија во конфликтот. Притоа Обама, најверојатно, ќе ја префрли одговорноста за судбината на програмата на грбот на следниот претседател, пишува „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на американски чиновници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче