Според Захарова, специјалистите разјаснуваат што се случило.
„Доколку утврдат дека се случил упад, макар и во ресурс што не работи, од страна на Американците, не е многу пријатно, затоа што или почнала да дејствува кибермашината на уништување за која зборуваа Бајден и Мекфол, или таа пеколна провокативна изборна кампања во САД ги довела луѓето до таква состојба што тие почнуваат да рушат сѐ пред себе“, додаде таа.
Таа наведе дека пред објавување на информацијата за уривање на сајтот на МНР РФ од страна на американскиот хакер, телевизијата Си-Ен-Ен не се обратила за потврда до МНР РФ.
„Очигледно, тие имаат некакви несоборливи докази дека упадот го извршил американски хакер. Па не може Си-Ен-Ен да објавува непроверена информација“, напиша портпаролот на МНР РФ на „Фејсбук“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче