Новак: соработката меѓу Русија и Саудиска Арабија има потенцијал

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак е во посета на Саудиска Арабија.

Соработката меѓу Русија и Саудиска Арабија има огромен потенцијал, изјави во неделата на средбата со министерот за енергетика на кралството Халид ал Фалих во Ријад министерот за енергетика на Русија Александар Новак.

„Соработката меѓу Русија и Саудиска Арабија има огромен потенцијал, но во моментов не е доволно реализирана. Најважно е што се движиме во таа насока“, истана Новак, пренесува РИА „Новости“.

Новак потенцира дека во текот на неговата прва посета на Ријад саудиската страна покажала „гостопримство и срдечност“.  Според него, во текот на неговата посета на државната нафтена компанија „Сауди Арамко“ руската делегација видела висока култура на производство и високопрофесионален менаџмент, а исто така дискутирала и за перспективите на технолошката соработка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња