Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков соопшти дека руските средства за извидување во текот на изминатото деноноќие регистрирале 22 летови на авионите на коалицијата предводена од САД кои извршиле 19 напади врз различни цели во Ирак, вклучително и врз населеното место Дакук, кое се наоѓа 30 километри јужно од Киркук. Според податоците на руското Министерство за одбрана, таму нема милитанти на ИД.
„Судејќи според изјавите на очевидци, авијацијата на коалицијата сметала дека погребната поворка е групирање на милитантите. Загинаа десетици ирачки цивили, вклучително жени и деца“, изјави Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
Тој додаде дека „таквите смртоносни напади врз цивилни населени места, кои ги имаат сите признаци на воено злосторство“, стануваат за коалицијата практично секојдневна рутина.
За „воздушен напад по грешка“ врз Дакук претходно соопштија арапските медиуми. Според нивните информации, загинале 20 лица, а уште 45 биле ранети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче