Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека операцијата на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија помогнала да се откријат низа недостатоци во работата на руската воена техника.
„Во текот на примената на воената техника во Сириската Арапска Република беа откриени низа конструктивни и производствени недостатоци“, изјави шефот на рускиот одбранбен ресор, пренесува РИА „Новости“.
Според Шојгу, Министерството за одбрана на Русија ќе процени „какви мерки се преземаат и веќе се преземени за зголемување на сигурноста на воената техника“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче