Патријархот Кирил: Војната со тероризмот е света

Војната со тероризмот е света војна која треба да биде заедничка работа на сите земји, не само на Русија, изјави патријархот Московски и на цела Русија Кирил на прес-конференцијата во лондонскиот аеродром Лутон по неговата посета на Велика Британија.

„Жалам што моите зборови беа неправилно прочитани. Никогаш не сум зборувал за света воја во Сирија – зборував за света војна со тероризмот. Мислам дека на овие зборови можат да им се придодадат многуте жртви на тероризмот во Европа. Доволно е да се спомене сето она што се случи релативно неодамна во Франција, во Белгија“, изјави патријархот, одговарајќи на прашањата на новинарите за воената операција во Сирија, пренесува РИА „Новости“.

Според него, штитејќи ги блиските, роднините, нашите земји и народи од тероризмот, ние го штитиме светиот дар на животот по кој посегнуваат терористите.

„Моите зборови не треба да ги перципирате во политичка смисла. Но јас сум длабоко убеден дека учеството на народите и државите во определени воени дејствија може така да се нарече“, додаде патријархот Кирил.

Тој потсети дека света војна се нарекува, на пример, и борбата со нацизмот.

„Дури и во нашите песни ние го воспеваме хероизмот на нашите војници од Великата Татковинска војна, Втората светска војна, употребувајќи ги тие зборови. Ние имаме една фасцинантна песна „Се води војна народна, света војна“, рече патријархот Кирил. Тој појасни дека војната со нацизмот била света затоа што во неа луѓето го бранеле својот живот, својот начин на живот и иднината во целина.

„Во таа смисла и денешната војна со тероризмот, а таа треба да биде заедничка – тоа не е работа само на Русија, тоа е работа на сите земји, ние треба да се сплотиме за да о победиме тоа зло – и токму таа војна јас ја нарекувам света“, потенцираше Патријархот Кирил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња