Медиум: Ренци е главниот противник на „сириските“ санкции против Русија

Италијанскиот премиер Матео Ренци заедно со група лидери на земји-членки на ЕУ влијаеше на лидерите на Германија, Франција и Велика Британија за да се откажат од санкциите против Русија поради ситуацијата во Сирија, пишува весникот „Фајненшел Тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извор.

Соговорникот на „Фајненшел Тајмс“ изјавил дека дискусијата за санкциите се покажала „посложена“ отколку што претпоставувале Берлин, Париз и Лондон, кои пак се главните поборници за жестоки мерки. Според него, против санкциите биле Шпанија, Австрија, Кипар и Грција, а несомнен лидер на таа група бил Ренци.

„Во текот на деветте часа разговори на самитот на ЕУ италијанскиот премиер успеа да постигне да се тргне предлогот за нови санкции, а којшто беше предложен пред почетокот на самитот“, пишува весникот.

Вчеравечер на самитот на ЕУ во Брисел беше донесен заклучниот документ во кој не се споменува можноста за воведување санкции против Русија поради ситуацијата во Сирија, иако европските лидери го осудија дејствијата на Русија и Сирија во Алепо.

Шефот на Европскиот парламент Мартин Шулц потоа изјави дека во Европската унија нема единство за нови санкции против Москва поради Сирија.

Претходно премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави за подготвеноста на земјата да ги поддржи санкциите против Русија за Сирија, а премиерот на Луксемург Ксавиер Бетел искажа мислење дека ЕУ не треба да мисли дека санкциите секогаш ги решаваат проблемите, а за прашањето за санкции против Русија поради Сирија е потребно заедничко решение, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња