По средбата Меркел изјави дека преговорите биле „тврди и тешки“. Според неа, за одвојување на сириските цивили од терористите Москва и Дамаск треба да ги прекинат бомбардирањата кои канцеларката ги нарече „нечовечки“.
„Ние (Меркел и Оланд) јасно укажавме на тоа дека Русија сноси голема одговорност, одговорност која ги преминува границите...на денешниов ден“, изјави Меркел.
Таа бара Москва да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар Асад по прашањето за безбедноста на цивилите.
Францускиот лидер Франсоа Оланд се изрази уште пожестоко, нарекувајќи го она што се случува во Алепо „вистинско воено злосторство“.
Според него, Франција смета дека примирјето од неколку часа „нема смисла“, затоа што за испорака на хуманитарна помош се потребни неколку денови.
Владимир Путин смета дека е можно продолжување на режимот на прекин на огнот доколку ситуацијата во Алепо го дозволува тоа. „Ние сме подготвени да го правиме тоа сѐ додека не се соочиме со активирање на милитантите банди кои се во Алепо“, прецизираше рускиот лидер.
„Сметаме дека нашите партнери, пред сѐ американските, ќе сторат сѐ што ветуваа досега за раздвојување на терористите на „Џебхат ан Нусра“ и сличните со нив терористички групи од здравиот дел на опозицијата, за да знаеме како можеме заеднп да ја продолжиме заедничката работа“, додаде Путин.
Русија смета дека е неопходно активирање на политичкиот процес за решавање на конфликтот во Сирија.
„Русија предлага да се активира работата за изработка и усвојување на уставот врз чија основа би можеле да се одржат предвремени избори и да се постигне првично усогласување на ставовите меѓу сите страни во конфликтот“, изјави Путин, додавајќи дека таа работа треба да се спроведе со учество на сите земји во регионот.
Рускиот лидер исто така истакна дека Москва чека возвратни чекори од Западот. Како прироитетна мерка тој ја наведе потребата од одвојување на терористите и таканаречената умерена опозиција, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче