Кремљ: Путин се согласи со полициска мисија на ОБСЕ во Донбас

Претседателот на Русија Владимир Путин генерално се согласува со распоредување на полициска мисија во Донбас, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин генерално се согласува со распоредување на полициска мисија на ОБСЕ во Донбас.

„Вооружена, полициска мисија на ОБСЕ... викајте ја како сакате. Генерално а распоредување таква мисија Путин се согласи во текот на состанокот (на „Нормандската четворка“ во вчера во Берлин)“, рече Песков, пренесува „Лента.ру“.

Тој наведе дека шефот на руската држава „рече дека треба да се искористи актуелното претседавање на Германија со ОБСЕ за да се интензивира работата на тоа прашање“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња