Украинскиот претседател изјави дека страните се договориле за воведување полициска мисија на ОБСЕ во Донбас, но тоа е вистина. Се договорија само за поголем број набљудувачи, пишува Лизан.
„Меркел изјави дека полициската мисија на ОБСЕ не е главното прашање, а Оланд повтори дека мора да се почнат подготовки за одржување на избори во Донбас. Путин констатираше дека нема напредок на хуманитарен план и не се ракуваше со Порошенко“.
Ако Киев некаде и зборува за напредок, од тоа нема да има ништо, продолжува експертот, затоа што тој не ги исполнува условите од спогодбата. Тактиката на Киев е одолговлекување. Всушност, средбата во Берлин не донесе ништо. Киев нема да стори ништи и не случајно постави невозможен услов – повлекување на бунтовниците од Дебалцево.
„Со други зборови, преговарачите седеа пет часа, изедоа еден тон сендвичи, испија едно буре кафе и се договорија дека ќе се договараат некој другпат. Главниот настан на 19 октомври беше погребот на херојот на Арсениј Павлов-Моторола, а не бесмисленото заседание во далечниот Берлин“, констатира Иван Лизан.
Новинарот на „Комерсант“ Андреј Колесников пишува дека Порошенко инсистирал на тоа најпрвин да се воспостави контрола над руско-украинската граница, а дури потоа треба да се разговара за амнестијата, изборите во Луганск и Донецк и нивниот посебен статус. Меркел, Оланд и Путин му објаснувале дека според „Минската спогодба“, распоредот е сосем поинаков.
„И кога по којзнае кој пат изгледаше дека сѐ пропаѓа, Ангела Меркел стануваше, го земаше Петро Порошенко под рака и изговараше „five minutes“, па го водеше во ќоше да му објасни нешто. Потоа Поршенко се враќаше на маса некако помирен и се согласуваше со сѐ, но по неколку минути сѐ се повторуваше... Уморна од сѐ, Ангела Меркел во еден момент му се обрати на Оланд: „А колку само беа успешни преговорите во Паризу! И како ништо сега не се мрднува од место! Затоа што зборуваме за едни исти нешта? Париз беше успешен, а за Берлин ќе се зборува како за неуспех! Не смеам да го дозволам тоа! Ајде да се договараме!“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче