Сириjа го призна Крим за неодвоив дел на Русија

Сирија го призна Крим за руски.

Сирија го призна Крим за неодвоив дека на Русија, изјави претседателот на парламентот на Сирија Хадија Абас во ексклузивно интервју за агенцијата „Спутник“.

„...Ние признаваме дека Крим е неодвоив дел на Русија. Односите меѓу Сирија и Русија се стратешки и перспективни. И ние ќе работиме на развојот на наведените односи со руската влада во сите сфери: политичка, економска, социјална и дури и конзуларната, ако таквите односи ги овозможат околностите во републиките на Русија“, изјави Абас.

Како што изјави претседателката на сирискиот парламент, Крим беше дел од Советскиот Сојуз и „поради настаните што се развиваат по распадот на Советскиот Сојуз сѐ до денес, тој субјект им се врати на своите корени по слободното изразување на волјата на народот на референдумот на Крим, што како резултат се одрази директно на интересите на жителите на полуостровот“.

„Тие донесоа одлука да се обединат со својата земјата. Ете што се случи!“, изјави Хадија Абас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња