Русија ветува „болен одговор“ доколку САД ги прошират санкциите

Руската страна ќе прибегне кон болни мерки за САД во случај на проширување на рестриктивните мерки против Русија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Ако САД, и покрај здравиот разум и веќе мошне болното за нив искуство тргнат на патот на понатамошно проширување на санкциските мерки, во нашиот арсенал ќе се најдат потези кои ќе одекнат мошне болно“, изјави Рјабков, пренесува „Газета.ру“.

Тој исто така истакна дека во моментов под дејство на санкциите се наоѓаат 281 правно лице од Русија и 81 функционер од сите гранки на власта. Рјабков исто така потенцираше дека ја смета за главна задача „да се постават САД во остра форма пред прашањето дека нивната антируска политика е апсолутно неприфатлива“.

Претходно медиумите соопштија дека САД и Италија го поддржуваат продолжувањето на санкциите против Русија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња