Руската војска доби заштитена мрежа која не е соединета со глобалниот систем. Во армијата нејзиниот назив е „Затворен сегмент за пренос на податоци“ (ЗСПД).
„Последните работи беа завршени и сега мрежата функционира во целосен обем. Во моментов планираме да ја прошириме со инсталирање на дополнителни терминали во воените единици и установи“, изјави извор на весникот „Известија“ во Министерството за одбрана на РФ.
Како што соопштуваат медиумите, компјутерите во мрежата се заштитени од поврзување со надворешни уреди кои не добиле одобрување за користење од службата за безбедност – мемориски уреди, надворешни мемории и др.
Исто така на каналите на Министерството за одбрана на РФ е направен сервис за електронска пошта кој овозможува војниците да ги добијат сите документи за извршената работа - извештаи, рапорти, барања, вклучително и документи со ознака „доверливо“.
„На територијата на секоја воена единици има сервери со информација. Пристап до тие простории може да се добие единствено со дозвола на командата на единицата“, изјави за „Руска реч на македонски“ извор во одбранбено-индустрискиот комплекс.
Како што истакна тој, документите со назнака „строго доверливо“ и „тајна“ се предаваат на вообичаениот начин – до високите офицери на единицата од рака в рака во придружба на вооружено обезбедување.
„Оваа мрежа е со зголемена заштита и без пристап до надворешниот свет. Таму нема никакви излези за несанкционирано приклучување, но притоа во неа се инсталирани системи за шофрирање и кодификација на сите јазли“, изјави за „Руска реч на македонски“ водечкиот аналитичар на Руската асоцијација за електронски комуникации Карен Казарјан.
Според неговите зборови, разработката на затворени канали за Министерството за одбрана на РФ почнала уште во времето на Советскиот Сојуз и оваа мрежа се базира на протоколи од фамилијата X.25 кои се одликуваат со висока сигурност.
„Во својата работа војската става акцент не на брзината на пренос на податоците, туку на нејзината безбедност. Притоа војската во многу земји во светот апсолутно не се стреми кон усовршување на постојните системи и често може да работи со оние кои биле направени пред децении“, истакна аналитичарот.
Како пример може да се наведе искуството на САД. Според експертот, Пентагон не користи мрежи од нова генерација.
„Тоа се однесува во прв ред на стратешката команда. Тие претпочитаат стари и сигурни технологии – модернизираните канали за врска ја немаат поминато проверката на службата за безбедност“, истакна Казарјан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче