НАТО: Русија ја испрати во Сирија „целата Северна флота“

НАТО смета дека Русија испратила поголем дел од својата флота во Сирија.

НАТО тврди дека Русија ги испратила сите бродови на Северната и дел од Балтичката флота за засилување на кампањата во Сирија, пренесува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван дипломат во Алијансата.

„Тие ја упатија целата Северна флота и голем дел од Балтичката флота, тоа е најголемата операција за распоредување откако заврши „студената војна“, изјави неименуваниот дипломат за агенцијата. Притоа од НАТО нема официјални соопштенија за тоа.

Соговорникот на агенцијата тврди дека на тој начин Русија има намера да го зголеми бројот на авиони во Сирија и за две недели да ја почне финалната воздушна операција за победа во Алепо.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња