Руските и сириските сили ги прекинаа ударите врз Алепо

Денеска престануваат ударите врз Алепо од страна на руските и сириските сили, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Руските Воздушно-космички сили и ВВС Сирија предвремено ги прекинуваат воздушните удари заради воведување хуманитарна пауза  во Алепо, соопшти во вторникот министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Денес од 10 часот се прекинуваат ударите на авијацијата на ВКС Русија и ВВС Сирија во реонот на Алепо. Предвремениот прекин на воздушните удари е неопходен за воведување хуманитарна пауза на 20 октомври“, изјави Шојгу преку видеоконференциска врска, пренесува „Интерфакс“.

Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ Сергеј Рудској соопшти дека на 20 октомври од 08:00 до 16:00 часот во реонот на Алепо ќе биде воведена хуманитарна пауза. Во тој период ВКС РФ и сириските сили ќе ги прекинат ударите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња