Договорот за распоредување руска поморска воена база во сириското пристаниште Тартус ќе биде склучен на 49 години, соопшти извор во рускиот парламент во понеделникот.
Според него, законот за ратификација на договорот за основање на базата ќе биде поднесен во Државната дума за усвојување до крајот на месецот, пренесува „Лента.ру“.
Заменик-шефот на комитетот на Советот на федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич на 14 октомври изјави дека договорот за основање постојана воена база во Тартус би можел да биде ратификуван до крајот на 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче