Украина го прошири списокот со санкции против Русија

Киев планира да воведе дополнителни санкции против пратеници во Државната Дума на РФ избрани на Крим.

Претседателот на Украина Петро Порошенко го прошири списокот со санкции против руски правни и физички лица, а исто така ја продолжи и неговата важност, се вели во указот објавен на сајтот на шефот на украинската држава.

На тој начин Порошенко ја потврди одлуката што претходно ја усвои Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (СНБО). Покрај тоа, од прес-службата на СНБО изјавија дека Киев планира да воведе дополнителни санкции против пратеници во Државната Дума на РФ избрани на Крим.

Украинските санкции против Русија беа првпат воведени во септември 2015 година. Истите предвидуваат од забрана за влез во земјата до заплена на имот. На првиот список со санкции се најдоа 388 руски државјани и 105 компании. На крајот на август 2016 година кабинетот на министри на Украина ја продолжи важноста на санкциите, дополнувајќи го списокот со нови 250 физички и 46 правни лица, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња