МНР РФ: Нема да останат без одговор заканите на САД за нови санкции

Русија нема да ги остави без реакција заканите за воведување нови санкции од САД, при што одговорот на Москва не значи дека ќе биде реципрочен, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„На заканите кои се слеваат од Вашингтон и не прекинуваат ниту еден ден, нашиот одговор е ист: тоа е доказ за слабоста на администрацијата на САД и отсуството во нејзиниот арсенал на инструменти кои овозможуваат да се договараме на реална основа“, изјави Рјабков за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

Според него, САД „веќе немаат ни стремеж да бараат некакви шеми кои би биле работоспособни и не би противречеле на ветувањата што ги дава самата администрација“.

„Ние не престануваме да ги спуштаме факторите во Вашингтон на земја. Ги повикуваме да ја прифатат ситуацијата каква што е, а не да се тешат себеси со илузорни надежи дека, откако ќе викнат, замавнат или на некој начин покажат  пристапи кои не треба да имаат место во комуникацијата меѓу државите, ќе ја постигна посакуваната цел“, истакна Рјабков.

„Многу време помина за авторите на политиката на санкции на Вашингтон да можат да го разберат нултиот резултат од гледиште на нивните интереси, дека РФ без одговор нема да остави било какво непријателско дејствување. Би сакал да потсетам дека во разни етапи Москва повеќепати предупредуваше дека ќе има не задолжително реципрочен, туку симетричен одговор“, заклучи Рјабков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња