Одлуката за воведување мерки на ограничување против Русија и Сирија може да биде донесена наредниве денови, изјави шефот на Стејт департментот на САД Џон Кери во Лондон на заедничка прес-конференција по мултилатералната средба за решавањето на сириското прашање.
Според него, воведувањето дополнителни санкции се разгледува и претседателот на САД Барак Обама разгледува различни варијанти. „И понатаму го разгледуваме тоа прашање и во следниве неколку дена ќе решиме што да правиме“, изјави Кери, пренесува РИА „Новости”.
Претходно шефот на британското МНР Борис Џонсон изјави дека САД и Велика Британија ја разгледуваат можноста за воведување економски санкции против Сирија и Русија поради заострувањето на ситуацијата во Алепо.
„Не смееме да го попуштиме притисокот врз режимот на Асад, Русија и Иран. Ние мораме да го засилиме тој притисок“, истакна шефот на британската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.