Бајден: Ослабување на РФ и пораз на ИД ќе отворат нови можности за САД

Уништувањето на терористичката група „Исламска држава“ и слабеењето на позициите на Русија ќе отворат за САД нови можности, изјави во неделата потпретседателот на САД Џозеф Бајден во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

„Русија има сериозни потешкотии. Имаат големи економски проблеми во земјата. И комбинацијата од тоа кога ИД ќе престане да постои и ослабувањето на Русија ќе отвори за нас нови дополнителни можности“, изјави Бајден.

Тој потенцираше дека уништувањето на ИД останува главен приоритет за САД.

„Ние треба да ја уништиме ИД, треба да го заземеме (сирискиот град) Рака, треба да го заземеме (ирачкиот град) Мосул, треба да го уништиме калифатот кои претставува директна... закана за САД“, изјави американскиот потпретседател.

Според него, „Министерството за одбрана на САД првично зборуваше за потребата правилно да се распределат постојните ресурси“. „Ние не би успеале да извршиме две задачи истовремено“, додаде политичарот. Тој не прецизираше за какви имено задачи станува збор, но прашањето беше поставено за забранетите зони за летање во реонот на сирискиот град Алепо.

Водителот на програмата исто така го праша дали САД жалат за загинувањето на цивилите во Алепо. „Ние жалиме за тоа, независно од тоа каде се случува“, одговори Бајден во интервјуто за Ен-Би-Си.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња