Министерството за одбрана на самопрогласената ДНР потврди дека загина еден од командантите на доброволечките одреди на Донецката Народна Република Арсениј Павлов – Моторола.
Според информациите, Моторола загина како жртва на терористичка акција на украинска диверзантско-разузнавачка група. Тој настрада кога се враќал дома, кога во лифтот во зградата во која живеел далечински е активирана експлозивна направа, соопшти воениот ресор на ДНР.
Од Министерството за одбрана на самопрогласената ДНР додадоа дека во градот е засилен антитерористичкиот режим.
Претходно за загинувањето на Арсениј Павлов соопшти извор, пренесува агенцијата „Рамблер“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче