Односите меѓу Русија и Кина не се ограничени само на сладоледот кој Путин му го подари на Си Ѓинпин. Земјите се зближуваат во одбранбената сфера, одржуваат заеднички маневри во Јужното кинеско море и заедно истапуваат против плановите на САД за распоредување на ПРО во Јужна Кореја, пишува агенцијата „Блумберг“.
„Фактот што двете земји почнаа да зборуваат за воени активности на воено ниво претставува многу сериозен настан. Заканата од страна на американската ПРО прави РФ и Кина повеќе да се зближат. И за Русија, и за Кина политиката на одвраќање означува одвраќање на САД“, изјави за агенцијата соработникот на Институтот за Далечниот Исток на РАН Василиј Кашин.
Од своја страна, западните експерти кои ги запраша агенцијата се сомневаат дека во најскоро време може да се формира воено-политички блок на Кина и РФ. Тие сметаат дека Москва и Пекинг се грижат, пред сѐ, за сопствените интереси. На пример, големо прашање е дали Кина ќе ја поддржи Русија во Сирија и Украина.
Пекинг традиционално се стреми да не учествува во конфликти кои се случуваат далеку од неговите граници. Покрај тоа, на Запад сметаат дека Кина е засега само „глобална економска, а не геополитичка сила“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче