Шефот на руската држава Владимир Путин изјави на самитот на лидерите на земјите-членки на БРИКС кој се одржува во индиската држава Гоа дека до влошување на односите меѓу Русија и САД не дошло поради Сирија, туку дека сѐ започнало од настаните во поранешна Југославија.
„Грешите“, одговори Путин на забелешката на еден новинар дека односите меѓу Русија и САД се влошиле поради сириската криза.
„Сетете се што се случуваше во врска со Југославија, тогаш почна сѐ. Јас сѐ уште не бев претседател. Случајно јас да не го свртев авионот над Атлантскиот океан. Колку што ми е познато, тоа го стори Примаков“, рече Путин.
Рускиот претседател исто така потсети дека кога Борис Елцин зазел мошне цврст став спрема Југославија, сите веднаш почнале да се присетуваат колку тој сака да се напие. „Започна дискредитација и така почна сѐ“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче