Путин: Од нашите американски пријатели може да се очекува сѐ

Претседателот на Русија Владимир Путин ги коментираше најавите од Вашингтон за можни мерки против Москва поради неодамнешните хакерски напади врз САД.

Претседателот на РФ Владимир Путин ги коментираше изјавите на потпретседателот на САД Џозеф Бајден за мерки против Москва поради хакерските напади, изјавувајќи дека „од нашите американски пријатели може да се очекува сѐ“.

„Па, од нашите американски пријатели може да се очекува сѐ. Што ново кажа тој? Зар не знаеме дека официјалните органи на САД ги следат и прислушуваат сите? Тоа им е добро познато на сите уште одамна, тоа не е никаква тајна, има и доволно докази за тоа, на тоа се трошат милијарди долари – ЦИА работи, НСА работи, другите служби“, изјави Путин за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

„Има докази и признанија. При што ги следа не само своите потенцијални противници, во секој случај, оние, кои ги сметаат за такви, но и своите сојузници, вклучително и најблиските... Така што, што е ново овде? Ништо. Единствената новина е што првпат на толку високо ниво САД признаваат: прво – со што се занимаваат, и второ – во извесен степен се закануваат што, се разбира, не одговара на нормите на меѓународна комуникација. Па, очигледно, малку се нервозни“, додаде рускиот претседател по самитот на БРИКС во Гоа, Индија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња