Преговори во Лозана: Сакаме Сирија да остане цела

Во саботата во Лозана се одржа министерска средба за Сирија во „потесен состав“ со учество на Русија, САД, Иран, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Египет, Ирак, Јордан и специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН за Сирија Стафан де Мистура.

Сите учесници во преговорите во Лозана ја потврдија подготвеноста за зачувување на целосноста на Сирија.  Русија укажа во текот на консултациите на неопходноста од спроведување на одделување на опозицијата од терористите, се вели во соопштението на МНР Русија што го пренесува РИА „Новости“.

Во саботата во Лозана се одржа министерска средба за Сирија во „потесен состав“ со учество на Русија, САД, Иран, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Египет, Ирак, Јордан и специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН за Сирија Стафан де Мистура.

„Потврдена е приврзаноста на сите учесници на средбата за зачувување на Сирија како цела, независна и светска држава, во која иднината на својата земја ќе ја определат самите Сиријци во текот на инклузивен политички дијалог“, се вели во соопштението на МНР РФ.

Покрај тоа, руската страна претставувана од шефот на МНР РФ Сергеј Лавров потенцираше дека залог за обновата и успешната реализација на прекинот на огнот е раздвојувањето на одредите на „умерената опозиција“ од милитантите на „Џебхат Фатех аш Шам“ (претходно позната као „Џебхат ан Нусра“) и другите терористички групации поврзани со неа.

„Во врска со тоа потребна е соодветна работа на сите учесници на средбата со силите присутни во Сирија. Притоа треба да се разбере дека операциите против терористите на ИДИЛ и „Џебхат ан Нусра“ ќе бидат продолжени“, се вели во соопштението.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња