Путин и Моди потпишаа договор за испорака на ракетни системи С-400

Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Индија Нарендра Моди имаа средба во Гоа, Индија, на која разговараа за повеќе глобални и регионални прашања и потпишаа повеќе договори од областа на одбраната и безбедноста.

Лидерите на двете земји ги почнаа преговорите во потесен состав, потоа продолжија со учество на делегациите на двете земји и на крај потпишаа низа заеднички документи, изјави во саботата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува „Интерфакс“.

Претседателот Путин и премиерот Моди во Гоа преку видеоконференциска врска учествуваа и во пуштањето во работа на вториот енергетски блок на АЕЦ „Куданкулам“ и во церемонијата на полагање камен-темелници за третиот и четвртиот блок во индиската држава Тамилнаду.

Москва и Делхи потпишаа договор за испорака на Индија на ракетните системи С-400, меѓувладин договор за изградба на бродови од Проектот 1356 во Русија и Индија, договор за соработка во сферата на обезбедување на безбедноста во информатичко-комуникативните технологии, договор за формирање заедничко претпријатие за производство на хеликоптери КА-226Т, меморандум за разбирање меѓу „Роскосмос“ и Индиската организација за вселенски истражувања во однос на заемно распоредување површински станици за мерење за рускиот систем ГЛОНАСС и индиската сателитска групација НавИК, пренесува РИА „Новости“.

Во Гоа исто така ќе се одржи и самит на БРИКС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња