Столтенберг се откажува од обидите да ја изолира Русија

НАТО не е во состојба на „студена војна“ со Русија, но, од друга страна, односите не се пријателски, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не може да ја изолира Русија и дека не треба да се обидува да го прави тоа. Ова тој го изјави во интервјуто за италијанска „Ла Стампа“, објавено во петокот, 14 октомври.

Според генералниот секретар на Алијансата, НАТО не е во состојба на „студена војна“ со Русија но, исто така, односите не се пријателски. „Ние велиме: „одбрана и дијалог“, а не „одбрана или дијалог“. НАТО е предвидлив и ќе учествува во контактите со Русија, која е нашиот најважен сосед“, изјави Столтенберг.

Истовремено тој истакнува дека Алијансата треба јасно да дава до знаење дека нејзината мисија е заштита на сите сојузници. „Нам ни треба силен сојуз за да не испровоцираме војна, туку да ја спречиме. Клучно е одвраќањето – концептот кој ја докажа својата ефикасност во текот на речиси 70 години“, додаде тој.

Според неговото мислење, распоредувањето дополнителни воени контингенти во Полска, Естонија, Латвија и Литванија е одговор на модернизацијата на руската армија на подготвеноста на Москва да примени сила.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња