Русија ќе предложи конкретни чекори за договорот за Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека нема особени очекувања од средбата во Лозана и дека треба да се види колку се подготвени партнерите за реализација на резолуцијата на СБ ОООН.

Русија ќе предложи во Лозана конкретни чекори за исполнување на договорот за Сирија, изјави за новинарите шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Ќе предложиме конкретни чекори кои се неопходни за резолуциите (на Советот за безбедност на ООН) да се реализираат, за да се реализира руско-американскиот договор“, изјави Лавров.

Министерот се надева дека животот ќе го натера Западот „да ги погледне фактите“ за реализација на договорот за Сирија.

Лавров исто така изјави дека нема особени очекувања од средбата во Лозана и дека треба да се види колку се подготвени партнерите за реализација на резолуцијата на СБ ООН.

„Немам некакви посебни очекувања“, изјави тој пред новинарите, одговарајќи на прашање на ТАСС. „Ние сакаме конкретно да работиме и да видиме колку нашите партнери се подготвени да ги реализираат резолуциите на Советот за безбедност“, изјави министерот и додаде дека Русија засега не гледа фидбек од страна на западните партнери за регулирање на ситуацијата во Сирија.

Претходно Министерството за надворешни работи на РФ соопшти дека министерскиот состанок за Сирија со учество на Русија, САД и регионалните сили ќе се одржи на 15 октомври во Лозана.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња