„Со федералниот закон се ратификува договорот меѓу Руската Федерација и Сириската Арапска Република за распоредување авијациска група на Вооружените сили на Руската Федерација на територијата на Сириската Арапска република, потпишан во Дамаск на 26 август 2015 година“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Кремљ истакнува дека документот ги регулира условите за престој на руската војска во Сирија. Во договорот, на пример, се вели дека авиогрупата е распоредена во земјата на барање на Дамаск и сместена на аеродромот Хмејмим во Латакија, кој заедно со неговата инфраструктура и неопходната територија ѝ се дава на користење на Русија без надомест.
Законот беше донесен во Државната Дума на 7 октомври, а на 12 октомври беше одобрен од Советот на Федерацијата.
Константин Косачов, претседател на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата претходно истакна дека договорот со Сирија не е насочен против трети земји и е од одбранбена природа. Претседателот на комитетот за одбрана и безбедност Виктор Озеров од своја страна го нарече распоредувањето на авиогрупата „конкретен придонес“ на Русија во напорите за стабилизирање на ситуацијата во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче