Министерството за одбрана на Русија ги демантираше соопштенијата во медиумите за наводно загинување на руски војници во Сирија.
„Соопштенијата во странските социјални мрежи за наводно загинување на руски војници немаат никаква основа и претставуваат намерна дезинформација“, потенцира воениот ресор на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Министерството истакнува дека сите руски војници кои се наоѓаат во Сирија се „живи, здрави и, на завист на провокаторите, ги исполнуваат и ќе ги исполнуваат предвидените задачи“.
Претходно повеќе медиуми соопштија дека во Сирија загинале шестмина руски војници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче