Обединетата корпорација за производство на прибор (ОПК) соопшти дека во Русија се реализирале испитувања на радиоелектронско оружје какво нема во другите земји во светот. Ова го соопшти РИА „Новости“ повикувајќи се на официјален претставник на ОПК.
Во текот на форумот „АрмХајтек 2016“ претставникот на корпорацијата раскажа дека во Русија се создадени и успешно тестирани првите примероци на радиоелектронско оружје кое работи на нови физички принципи. Станува збор за „апсолутно нов вид оружје, какво нема ни во земјата, ни во светот“.
Според информациите на РИА „Новости“, особеноста на новото оружје се состои во тоа што може да ја неутрализира техниката на противникот, на пример високо презицното оружје, без употреба на муниција, а со помош на насочена енергија. Според зборовите на претставникот на ОПК, таа енергија „врши индиректно физичко влијание врз апаратурата на авионите, беспилотните летала и го неутрализира високопрецизното оружје“.
Новитетот веќе беше презентиран на затворена презентација за Министерството за одбрана на РФ на маргините на воено-техничкиот форум „Армија 2016“ во септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче