„Континуираната политика на Виетнам се состои во одржување на неутралниот статус на државата. Ние нема да стапуваме во воени сојузи или алијанси против трети земји“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Виетнам Ле Хаи Бин.
„Исто така, нема да дозволиме на ниедна земја да подигне воена база во Виетнам“, додаде портпаролот, пренесува „Ројтерс“.
Претходно заменик-министерот за одбрана на Русија Николај Панков изјави дека рускиот одбранбен ресор се занимава со прашањето на можно враќање на воените бази на Куба и во Виетнам. Советски, а подоцна руски воени бази функционираа на Куба и во Виетнам до 2002 година. Во кубанскиот Лурдес беше сместен радарски центар, а во Кам Ран во Виетнам имаше база на Воено-поморската флота на Русија, пишува „Лента.ру“.
Како што истакнува „Ројтерс“, неутралниот статус на земјата сепак дозволува можност во нејзините пристаништа да влезат воени бродови на странски држави. Така, во пристаништето Кам Ран досега престојувале американски, француски и јапонски воени бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче