Германија „жестоко ќе одговори“ доколку една од членките на НАТО биде нападната, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер, одговарајќи на прашање на британски пратеник во Советот на Европа во Стразбур.
Прашањето го постави Марк Причард, британски пратеник во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Тој праша како ќе одговори Германија доколку биде нападната членка на НАТО, на пример, од страна на Русија. „Можам да ви одговорам многу кратко: жестоко“, изјави Штајнмаер, пренесува „Взгљад”.
Во јули Штајнмаер изјави дека НАТО не очекува лесен разговор со Русија, но се надева дека ќе продолжи долгиот и сериозен дијалог.
Штајнмаер исто така повикуваше „НАТО да не ѕвечка со оружјето“ на источните граници на Алијансата, со што предизвика незадоволство кај низа германски политичари кои го обвинија дека „Германија прави чекори во правец на Москва“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче