РФ се надева дека Вашингтон ќе се откаже од политиката на „спржена земја“

Русија се надева дека САД ќе имаат доволно здрав разум и нема да започнат глобален кибер-конфликт со Москва, изјави портпаролката на МНР РФ Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери дека САД ќе одговорат на наводните хакерски напади врз американските институции.

Рускиот дипломатски ресор изразува жалење поради фактот што Вашингтон продолжува да ги руши билатералните односи, секојдневно заканувајќи се со нови санкции, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува „ТВ Ѕвезда“.

Според неа, без оглед на тоа што нема позитивни придвижувања во односите меѓу двете земји, Москва е подготвена да ги разгледа со Вашингтон прашањата за кибер-заканите.

„Со жалење констатираме дека Вашингтон продолжува да ги уништува билатералните односи меѓу двете земји, САД вршат притисок со извесно болно задоволство, применувајќи ја тактиката на „спржена земја“, изјави Захарова.

Русија се надева дека САД ќе имаат доволно здрав разум и нема да започнат глобален кибер-конфликт со Москва, изјави Захарова коментирајќи ја изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери дека САД ќе одговорат на наводните хакерски напади врз американските институции.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња