„Не мислам така. Тоа воопшто не беше нашата намера (влошувањето на односите меѓу двете земји)“, одговори Лавров на прашањето на Си-Ен-Ен каков е неговиот став спрема изјавите на некои воени претставници дека таквиот судир е „неизбежен“, пренесува „Взгљад“.
„Читавме изјави на американски воени претставници дека војната со Русите е неизбежна. Ќе го оставиме тоа на нивната совест“, додаде тој.
„Тоа не беше нашата намера – да излеземе од разните договори кои служеа како основа за стратешката стабилност. Но кога Америка излезе од договорот за ПРО, Џорџ Буш му рече на Владимир Путин: „Разбирам дека тоа не ви се допаѓа, но ние повеќе не сме непријатели, затоа ако сакате да преземете контрамерки и мерки на претпазливост, слободно можете да го направите тоа“. За жал, тој проект за противракетна одбрана се покажа мошне вознемирувачки за глобалната стабилност. И плановите за воведување на европски сегмент и азиски сегмент (на ПРО) нас многу нѐ вознемируваат. Затоа што тоа е непосреден обид да се добие еднострана предност“, изјави министерот Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче