Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека на Москва ѝ е познато кој е одговорен за нападот врз хуманитарниот конвој на ООН во близина на Алепо во Сирија, пренесува „Газета.ру“.
„Гледаме што се случува. Ние знаеме кој го изврши нападот врз тој хуманитарен конвој. Тоа е една од терористичките организации. Исто така знаеме дека и Американците го знаат тоа. Но, претпочитаат да заземат поинаков став, да се занимаваат со неосновани обвинувања на адреса на Русија“, изјави Путин на форумот „Русија повикува“.
Претходно Министерството за одбрана на Русија ги отфрли обвинувањата за напад врз хуманитарниот конвој. Од своја страна, претседателот на Сирија Башар Асад изјави дека зад нападот стојат терористите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче