Шефот на МНР Франција Жан-Марк Ејро изјави во средата, 12 октомври, дека Париз жали за одлуката на претседателот на РФ Владимир Путин да не го посети Париз, пренесува „Интерфакс“.
„Ние бевме подготвени да дискутираме со Владимир Путин за ситуацијата во Сирија, тоа е предлогот што го дадовме... Жалам (за одлуката), затоа што сакавме да дискутираме за Сирија со Москва“, изјави тој за радиото Europe 1.
„За разгледување на сириската криза јас патував во Москва, каде се сретнав со својот колега Сергеј Лавров, со кого разменивме мислења. Основната наша одредба беше барањето Русија да ја прекине поддршката на режимот на Башар Асад и заедно да го прекинат бомбардирањето на цивилите во Алепо“, додаде тој.
„Разбирам зошто Владимир Путин не дојде, затоа што реално тие ги засилија бомбардирањата на Алепо и неговата посета на Париз за дискусија за Сирија би му била товар“, изјави шефот на МНР Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче