Медиуми: САД планираат префрлување на терористи од Ирак во Сирија

Планот на Вашингтон предвидува да им се дозволи на терористите безбедно напуштање на ирачкиот град Мосул заради нивно префрлување во источните делови на Сирија, соопшти военодипломатски извор во Москва.

Специјалните служби на САД и Саудиска Арабија се договориле на терористите на „Исламската држава“ да им се обезбеди можност за безбедно да го напуштат ирачкиот град Мосул пред нападот на силите на меѓународната коалиција, соопшти военодипломатски извор во Москва.

„Во текот на подготовката на операцијата во Мосул специјалните служби на САД и Саудиска Арабија постигнаа договор пред почетокот на нападот да им понудат на сите терористи безбедно напуштање на градот заедно со нивните семејства. А за време на нападот авијацијата на коалицијата ќе врши напади само врз одделни празни згради во градот кои се однапред договорени со терористите“, изјави неименуваниот извор, пренесува „Взгљад”.

Според него, американскиот претседател Барак Обама веќе донел одлука за спроведување на операцијата за ослободувањето на Мосул во октомври. Планот на Вашингтон и Ријад, исто така, предвидува терористите да се префрлат од Мосул во Сирија.

„Повеќе од 9 илјади терористи на ИД ќе бидат префрлени од Мосул во источните региони на Сирија со цел да учествуваат во голема офанзивна операција која подразбира освојување на Деир ез Зор и Палмира“, додаде изворот.

Изворот, исто така, претпоставува дека САД дошле до идејата за префрлање на терористите од Мосул во Сирија поради резултатите кои ги постигна Русија во Сириската Арапска Република.

„Покрај освојувањето на чисто политички поени, втората цел на оваа операција е  очигледно дискредитација на успехот на руската авијација и, се разбира, обид да се поткопа позицијата на претседателот Асад. Вашингтон мора да направи нешто со што ќе парира на резултатите на Русија во Сирија и на тој начин да го минимизира нивното значење“, рече тој.

Според информациите со кои располага изворот, посредник и гарант на договорот со терористите за нивно безбедно излегување од Мосул е раководството на Разузнавачката служба на Саудиска Арабија. Тој исто така истакна дека операција со сличен концепт веќе е реализирана во јуни оваа година за време на ослободувањето на ирачкиот град Фалуџа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња