Медиум: САД можат само да нагаѓаат за што се способни руските С-300 и С-400

Русија ѝ ги испорача на Сирија своите ултрасовремени ПВО системи С-300 и С-400 кои се во состојба да го заштитат поголемиот дел од земјата, а на Западот му преостанува само да нагаѓа за нивните вистински можности, пишува германски „Штерн“.

На Москва нема да ѝ биде тешко да создаде и обезбедува своја беспилотна зона во Сирија. Ако настаните продолжат да се развиваат така, САД и нивните сојузници најверојатно ќе се обидат да ги неутрализираат главните елементи на руската противвоздушна одбрана. Но проблемот е во тоа што во моментов и авионите како што се F-18, Eurofighter и „Торнадо“ се немоќни против рускиот ПВО систем, пишува магазинот „Штерн“.

Ако претходно се сметаше дека на руската ПВО можат да ѝ се спротивстават само невидливите B-2, F-35 и F-22, сега нивната сигурност е под знак прашалник. Стелт-технологијата повеќе не е толку ефикасна. Руските радари направија американските невидливи авиони да бидат практично бескорисни, пишува изданието.

„Русија има веројатно одлични причини да им се потсмева на американските воени авиони со нивната „стелт“ технологија, затоа што тие повеќе не претставуваат никаква закана. И до првиот сериозен инцидент САД нема да знаат ништо за вистинскиот потенцијал на руската противвоздушна одбрана“, заклучува магазинот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња