Захарова со одговор на изјавите на британскиот министер Џонсон

Борис Џонсон во британскиот парламент изрази чудење поради недоволниот интерес за постапките на Москва.

Изјавата на министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон за тоа дека противниците на војната во Сирија треба да организираат демонстрации пред амбасадата на Русија во Лондон предизвикува чувство на срам во рускиот надворешнополитички ресор.

„Очигледно е дека Борис Џонсон премина од зборови на дела и го примени оружјето со кое и се закануваше на Русија, а тоа е срамот. Навистина ни е срам поради него“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, пренесува РИА „Новости”.

Џонсон во британскиот парламент изрази чудење поради недоволниот интерес за постапките на Москва.. „Без сомнение, би сакал да видам демонстрации пред амбасадата на Русија. Каде е сега коалиција Stop the War (Запрете ја војната)?”, изјави тој.

Во вторникот во британскиот парламент се одржа тричасовна дебата во текот на која неколку пратеници, покрај Џонсон, ја обвинија Русија за воени злосторства во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња