ЕвроПРО претставува директна закана за безбедноста на Русија, изјави заменик-началникот на оперативната управа на Централниот воен совет на Кина генерал-мајор Цај Чун.
„САД, реализирајќи го планот за етапен развој на системот за ПРО во Европа, не дадоа правни гаранции дека системот не е насочен против Русија. Всушност тој претставува директна закана за безбедноста на Русија“, изјави Цај Чун на брифингот за новинарите за противракетна одбрана во рамките на Сјангшанскиот форум за меѓународна безбедност во Пекинг, пренесува РИА „Новости”.
Кинескиот генерал рече дека потезите на Вашингтон „го јакнат глобалното и регионално воено присуство на САД, зголемувајќи го дисбалансот на силите во регионот, провоцирајќи заострување на постојните судири и отежнувајќи ја општата состојба во сферата на безбедноста“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче