Медиум: Зошто Русија се плаши од НАТО

Судирот со НАТО настана по цела серија агресивни провокации во непосредна близина на руските граници кои можат да се споредат со ситуацијата во која трета земја би ја нападнала Канада или Мексико, пишува аналитичарот Тед Гејлен Карпентер за магазинот „Национален Интерес“.

Аналитичарот на магазинот „Национален Интерес“ Тед Гејлен Карпентер во својата статија ја објаснува острата реакција на Москва во однос на политиката на НАТО со „дрскоста“ и „надменоста“ на Западот. Судирот со Алијансата настана по цела серија агресивни провокации во близина на руските граници кои можат да се споредат со случајот кога на САД би им ги одзеле карипските држави или би навлегле во нивниот „двор“ во Јужна Америка.

По распадот на СССР Москва веруваше дека Западот ја повика Русија на создавање единствен систем за безбедност. Меѓутоа, оваа либерална дезинформација пропадна кога четири години подоцна НАТО се вмеша во граѓанскиот конфликт во Босна. По бомбардирањето на Србија во 1999 година, Русија конечно сфати дека САД го шират  НАТО кон руските граници и таа почна да одговара на тоа многу пред украинската провокација.

Уште во 2008 година Русија првпат по советската ера ја покажа својата военополитичка решителност како одговор на навалувањата на НАТО на нејзините граници. Поводот беше независноста на Косово, која Западот ја призна 10 години по распадот на Југославија како „единствена и без преседан ситуација“, заобиколувајќи го Советот за безбедност на ОН.

Американскиот пулен Саакашвили, кој го виде тоа како знак да дејствува, вртоглаво ја нападна руската мировна мисија во Јужна Осетија. Меѓутоа, Русија молневито реагираше и ја обезбеди не само независноста на Осетија, туку и на Абхазија. Нападот на Кавказ аналитичарот Тед Карпентер го споредува со замислен напад од трета земја, на пример Кина, врз Мексико и Канада, што директно би ја загрозило националната безбедност на САД.

Се разбира дека по овие отворено непријателски дејствија на НАТО против Русија или нејзините погранични сојузници Москва беше принудена да одговори на нескриената агресија. Така би постапила секоја суверена држава, вклучувајќи ги и САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња