Најпрвин францускиот министер за надворешни работи изјави дека Русија е на страната на терористите, а потоа тоа го повтори францускиот претседател. Оланд уште и постави низа реторички прашања за тоа дали е воопшто потребно да се сретне со Путин, чија посета на Париз беше планира по повод отворањето на Рускиот духовно-културен центар.
„Сето тоа звучеше премногу безобразно, барем поради тоа што истиот тој Оланд пред шест месеци лично го покани Путин да го посети Париз. И истиот тој Оланд пред речиси една година, по терористичките напади во Франција, побрза во Москва да побара помош во борбата против тероризмот “, пишува Дмитриј Смирнов, аналитичар на весникот „Комсомолскаја правда“.
Кремљ реагираше веднаш: Путин се откажа од посета на Париз, а Дмитриј Песков објасни: „Од самиот почеток Путин зборуваше дека ќе биде подготвен да го посети Париз тогаш кога тоа ќе му биде згодно на претседателот Оланд. Ќе го почекаме тоа позгодно време“.
Со други зборови, пишува Смирнов, Кремљ ја замоли Елисејската палата да биде пољубезна и да не носи на своите плеќи претежок товар.
„Оланд, кој долго време ги градеше руско-француските односи, одлучи со еден несмасен миг да жртвува сѐ поради некои интереси кои ни најмалку не се очигледни. Можеме само да претпоставиме дека САД шест месеци пред претседателските избори го потсетија на чија страна е. Сега и Кремљ го потсети на нешто, па Оланд повеќе нема простор за маневрирање“.
„Ситуацијата ја отежнува и претстојниот состанок на „Нормандиската четворка“ во Берлин. Прашањето е дали има смисла да се разговара со Оланд, кој се скри под американскиот чадор, а Порошенко не решава ништо. Со кого да се разговара? Можеби е попаметно едноставно да се разговара насамо со Меркел?“
„Контакт-групата работи со потешкотии и истовремено се води дијалог за сите можни прашања. Постојат проблематични области. Не можам засега да ви кажам кои. Дури откако ќе се заврши таа „домашна задача“, ќе се создадат услови за „Нормандиска средба“, ја опиша ситуацијата Дмитриј Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче