Русија и Турција потпишаа меѓувладин договор за „Турски тек“

Русија и Турција го потпишаа меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски тек“.

Русија и Турција го потпишаа меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски тек“.

Договорот во присуство на шефовите на државите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган го потпишаа министерот за енергетика на Русија Александар Новак и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак, пренесува РИА „Новости”.

Според зборовите на Путин, Москва и Анкара исто така се договориле за попуст на цената на гасот за Турција. Ердоган, од друга страна, истакна дека работите на „Турски тек“ ќе бидат забрзани.

Како што претходно соопшти директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер, договорот меѓу Русија и Турција предвидува изградба на два крака на магистралниот гасоводот на дното на Црното море. Капацитетот на секој крак ќе биде над 15 милијарди кубни метри гас.  

Се претпоставува дека испораките на гас преку првиот крак ќе бидат наменети за турските потрошувачи. Вториот крак е наменет за европскиот пазар, но неговата изградба е можна откако ЕУ ќе ги даде потребните гаранции.

Со договорот е предвидено двата крака да бидат изградени до декември 2019 година.  „Гаспром” веќе соопшти дека ги добил поголемиот дел од дозволите од Анкара за реализација на проектот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња