Полска навредена од распоредувањето на „Искандерите“ во Калининград

Министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски го нарече распоредувањето на ракетните системи „Искандер-М“ во Калиниградската област „неадекватна реакција“ на дејствијата на НАТО во регионот.

„Сметаме дека реакцијата на Русија, префрлањето на ракетните системи, претставува неадекватен одговор на дејствијата на НАТО“, изјави Вашчиковски, пренесува „Взгљад“.

Претходно Министерството за одбрана на РФ ги потврди информациите за распоредување на мобилните ракетни системи „Искандер-М“ во Калининградската област. Според портпаролот на министерството Игор Конашенков, „никој не правеше голема тајна од транспортирањето на системот“ – во Калининградската област системите „Искандер“ реализираат обука.

Во понеделникот исто така беше соопштено дека Латвија ќе го засили набљудувањето во врска со распоредувањето на ракетните системи „Искандер“ во Калининградската област. Портпаролот на Министерството за одбрана на Латвија Каспарс Галкин соопшти дека ќе биде засилено набљудувањето на копнениот, морскиот и воздушниот простор.

Денеска медиумите соопштија дека активностите на руското Министерство за одбрана ќе бидат дискутирани на 26-27 октомври во Брисел на средбата на министрите за одбрана на 28 земји-членки на НАТО.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња