Министерство за одбрана на Русија: А каде беше Британија во Сирија?

Резултатите од акциите на руските воздухопловни сили во Сирија се познати, но не јасно што постигна таму Британија, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

По повод обвинувањата на британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон дека Русија сака да ја продолжи војната во Сирија, реагираше Министерството за одбрана на Русија.

„До британскиот министер за одбрана, пред да се впушти во неубедливи аргументи во врска со наводната одговорност на Русија за ситуацијата во Сирија, а особено во Алепо, треба да размислите што направи Велика Британија во оваа несреќна земја?“, изјави портпаролот на МО РФ Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој побара од Фалон да каже во колку населени места се вратил мирниот живот благодарение на Велика Британија, колку килограми хуманитарна помош Лондон им испратил на Сиријците и колку квадратни метри од територијата на Сирија ослободил од терористите.

„И каде беше Велика Британија кога ИДИЛ дојде речиси до бреговите на Средоземното море и за малку ја претвори Сирија во терористички калифат, како што се случи со вашите напори во Либија?“, додаде Конашенков.

Истовремено, тој истакна дека во овој случај се поставува и прашањето „кој треба да биде повикан на одговорност за создавањето на ИДИЛ и огранокот на Ал Каеда – „фронтот Нусра“?

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња